Невин човек минал 17 години во затвор поради разбојништо на својот двојник

Секој има свој двојник некаде низ светот, но Американецот Ричард Џоунс платил висока цена за тоа. Иако било докажано неговото алиби, тој сепак бил осуден и невин бил во затвор цели 17 години поради сведоштво на сведок кој го „видел“ на местото на настанот, пишува Daily Mail.

Сведоците го опишале како Афроамериканец или Латиноамериканец со светол тен. Иако имал алиби за време на злосторството Џоунс бил уапсен и осуден на 19 години затвор. Неколку пати се жалел, но судот ги одбил неговите жалби. Невиноста успеал да ја докаже преку проектот Innocence, организација која веќе 26 години се бори за правдата на погрешно осудени лица. Тие го пронашле двојникот на Џоунс, Рик Ејмос кој живеел во близина на ограбената продавница. Затворските цимери на Џоунс го познавале Рик и цело време му говореле дека неверојатно си личат. Кога  сведокот на фотографија ги видел еден покрај друг веќе не бил сигурен дека Џоунс е сторителот со што тој  бил ослободен.

 
 

Ејмос нема да одговара бидејќи делото е застарно. Сега Џоунс бара оштета од милион долари за да започне живот одново. Тој е татко на две ќерки, 19 години и 24 години, кои израснале без него.

  
 

View image on Twitter

(86)

loading...

Вашиот коментар