Некогаш засолниште на Ескобар, денес луксузен хотел

Некогашното засолниште на колумбискиот наркобос Пабло Ескобар на брегот на Тулум во Мексико, сега е претворено во луксузен хотел со име Casa Malca. Ова било еден од многуте имоти во сопственост на богатиот Ескобар. По смртта на Ескобар во 1993 година, имотот бил напуштен сè до 2012 година кога го купува њујорчанецот Лио Малка.

 
 

Малка му вдахнува нов живот на имотот и го претвора во бутик хотел. Опкружен со бели песочни плажи од едната и зелена џунгла од гругата, главниот дел на Casa Malca нуди девет еклектични апартмани и неколку вили покрај плажа. Целиот комплекс е еколошки освестен и граден со локални материјали, и е опремен со органски памук и со бамбусови кревети.

  
 

Дел од Casa Malca се дворот уреден како тропската градина и двата бар-ресторани во кои се служи традиционална мексиканска кујна. Некои од оброците се подготвуваат според древните техники на Маите.

Еклектизмот се забележува во уредувањето на хотелот. Комплексот кој некогаш бил сопственост на Ескобар и со тоа интересна историја, сега нуди уживање, луксуз и естетско искуство благодарение на Лио Малка, кој како дилер на уметнички дела, низ хотелот поставил слики од неговата сопствена колекција.

(43)

loading...

Вашиот коментар