Нестле го загуби 11-годишниот судски спор околу обликот на Кит-Кет чоколадите

Европскиот суд на правдата ја отфрли жалбата на компанијата за производство на чоколади Нестле, кои 11 години водеа спор со тврдењето дека единствени имаат право на обликот на еден од нивните најпрепознатливи брендови.

Станува збор за правна битка која Нестле долг период ја води околу Кит-Кет чоколадите и заштита на нивниот облик со „четири прсти“, против кој се бореше конкурентската компанија Кадбери.

 
 

Одлука на највисокиот европски суд, која беше соопштена денеска, ја потврди претходната судска одлука која не дозволи заштита на обликот на Кит-Кет чоколадите, бидејќи тие не биле доволно препознатливи низ сите ЕУ земји членки за да се оправда заштитата на интелектуалната сопственост.

„Четирите трапезоидни чоколадни блокови поставени на правоаголна основа“, како што Судот го опишал обликот на Кит-Кет чоколадите, „нема да имаат заштита од копирање“.

  
 

Одлуката практично дозволува на супермаркетите и производителите на чоколади да произведуваат свои чоколади со истиот облик.

Одлуката е голем удар за Нестле, кои потрошиле 11 години во скапи правни спорови низ европските судови, откако во 2002 година Кит-Кет побарале заштита на нивниот дизајн во Канцеларијата на Европската Унија за интелектуална сопственост.

Првично бил одобрен заштитениот статус на брендот, но таквата одлука во 2007 година била оспорена од Кедбури Швепс, со што започнала правната битка.

(15)

loading...

Вашиот коментар