Обвинет за силување го извадил пенисот во судница како доказ?!?

Човекот од Конетикат обвинет за силување е ослободен откако користел необична одбранбена тактика: на судењето ги соблекол панталоните и го покажал својот полов орган пред поротата.

Адвокатот Тод Басерт рекол дека тоа била “единствена вистинска, одржлива опција” во случајот кога жената тврдела дека била силувана во 2012. година од страна на лице кое го опишува како Афроамериканец, чиј пенис е посветол од бојата од остатокот на неговото тело.

 
 

Жената во 2014. година го идентификувала нејзиниот силувач како Дезмонд Џејмс, откако ја видела неговата фотографија во весниците. Постоел еден голем проблем, вели господин Басерт: половиот орган на неговиот клиент не одговарал на описот кој го дала жртвата.

Во текот на судењето, кое почнало во понеделникот во Њу Хејвен, Басерт рекол дека одбраната планирала да користи неколку фотографии од половиот орган на обвинетиот за да докаже дека не е виновен. Но, при фотографирањето блицот го уништил квалитетот на фотографиите.

  
 

Тешкиот дел бил да го убеди својот клиент “доказот” да го покаже пред судот. “Беше многу непријатно изненаден од целата идеја”, рекол Басерт. “Му објаснивме зошто мислиме дека ќе напредува случајот на одбраната. Веројатно тоа беше најсилниот доказ кој можевме да го понудиме. Целото тврдење е толку специфично и необично. Но, сепак, моравме да направиме се за да ја убедиме поротата”, рекол адвокатот.

“Една од жените погледна. Еден од мажите почна да се смее”, изјавила адвокатката Ерика Барбер. “Сигурна сум дека беа шокирани, но направија се за да не го покажат тоа”, ја опишала таа реакцијата на поротата.

(603)

loading...

Вашиот коментар