Ова е еден од најмладите бруцоши во светот со само 12 години

Едно 12-годишно момче го положи приемниот испит и сега ќе студира медицинска физика и биофизика на Универзитетот во главниот град на Мексико.

Карлос Антонио Сантамарија Дијаз ќе биде првиот студент на таа возраст кој се запишал на Националниот автономен универзитет на Мексико (УНАМ), потврдија од таа установа.

 
 

-Само сакам да студирам. Ако ми ја затворат вратата, ќе влезам низ прозорец – рекол Карлос.

Ова детенце, кое доаѓа од градот Куернавака, всушност и не им е непознато на вработените на Универзитетот бидејќи во 2015 година соработувал со нив и бил дел од проекти од областа на аналитичката хемија, биохемијата и молекуларната биологија.

  
 

Приемниот испит, како што вели малиот Карлос, бил тежок бидејќи тој сѐ уште ги немал совладано добро интегралите во математиката.

Од Универзитетот за нивниот најмлад студент истакнаа дека обожава видеоигри и дека е студент со големи когнитивни способности, заигран и срамежлив.

(67)

loading...

Вашиот коментар