Одморалиштето на Хитлер е нова туристичка атракција: Фирерот на брегот на Балтикот изградил работничко летувалиште, па избила војна, а денес…

Германски инвеститори го претвориле запуштеното нацистичко одморалиште Прора на брегот на Балтичкото море во туристички центар по повеќегодишната обнова.

Локалните власти официјално и доделиле статус на одморалиште на оваа локација, што значи дека во иднина ќе можат да наплаќаат туристичка такса од 2,85 евра дневно по лице.

 
 

“Тоа е сертификат за одредено ниво на туризам и знак дека Прора и натаму ќе се развива и ќе се унапредува како туристички центар”, изјавил портпаролот на градската управа Бинц, каде се наоѓа одморалиштето.

Огромниот комплекс се состои од неколку шесткатници со вкупна должина од 4,5 километри на плажата на островот Риген, на балтичкиот брег.

  
 

Три години пред почетокот на Втората светска војна, Адолф Хитлер наредил изградба на Прора како најголем светски туристички центар, за сместување на повеќе од 20.000 работници на тогашна Германија.

Војната ги пореметила овие планови, па проектот бил напуштен при градењето во 1939. година.

Осум децении подоцна, во 2013. година, локацијата ја преземела германската градежна компанија “Метропол Маркетинг”, која ја обновила Прора и ја преуредила во стотина луксузни станови кои може да се изнајмат или да се купат.

Во комплексот има и хотел, хостел, бања, продавници со луксузна роба и ресторани. Првите гости треба да ги прими веќе во август.

(92)

loading...

Вашиот коментар