Озлогласена листа: Албанците меѓу првите пет

Меѓу петте најсилни и најопасни мафијашки организации на светот спаѓа и албанската мафија, која има тенденција да заземе повисоко место на „озлогласената листа“.

На прво место се уште се наоѓа мексиканскиот нарко картел како најопасна мафијашка организација на светот, на второ „Кумови“ и семсејствата на италијанската мафија.

 
 

На трето место се руските криминалци, американските гангстери и улични банди кои се наоѓаат на четвртото место, а посебно силни се Латино бандите поврзани со мексиканските картели.

Албанската мафија е на петто место, а свои ограноци има ширум светот и соработуваат со сите организации кои продавата дрога.

  
 

Како што пишува „Блиц“, територијално се многу распространети, активни се во Европа, но и на огромно подрачје кои се протега од Северна и Јужна Америка, па до Кина.

Албанската мафија позната е по специфините комбинации на строга внатрешна дисциплина, класна структура и бракови во клановите, што ја намалува можноста за разбивање на организацијата од надвор и ја зголемува поврзаноста и солидарноста во групата.

Во извештаите на „Вииликс“ потврдена е нивната поврзаност со политичари во бројни земји, а некои аналитичари шпекулираат дека самата мафија е посилна од официјална Тирана, затоа што имаат влијание во правосудството и политиката, како и сопствена вооружена „полиција“ која ги чува плантажите со дрога.

(274)

loading...

Вашиот коментар