Осумгодишник ги поделил екстазите на татко му на другрите мислејќи дека се бонбони

Еден осумгодишник, кој ги пронашол скриените таблети екстази на својот татко, ги поделил на своите другари мислејќи дека тоа се бонбони.

Момчето со потекло од индонезиската провинција Ријау, открил зелени апчиња во автомобилот на својот татко и потоа ги понудил на другарите кои со него одат во основното училиште. Групата момчиња била на возраст од седум и девет години.

 
 

Според пишувањето на локалните медиуми, две момчиња одбиле да земаат од „бонбоните“ бидејќи не им се допаднал непријатниот мирис.

Меѓутоа, оние кои земале набргу завршиле во болница, жалејќи се на главоболки и вртоглавица.

  
 

– Децата мислеле дека зелените пилули се слатки. Ги скршиле на половина и ги поделиле меѓусебно. Момчињата по краткото лекување, се чувствуваат добро, изјавил портпаролот на локалната полиција Сунарто.

Таткото на момчето кое ги пронашло екстазите признал дека дрогата е негова, по што бил приведен, пишува Њузхаб.

Тој би можел да биде обвинет за занемарување на деца и загрозување на нивните животи.

(193)

loading...

Вашиот коментар