Отворен саркофагот од Египет стар повеќе од 2.000 години

Се сеќавате ли на саркофагот кој неодамна беше откопан во Александрија, Египет? Големиот црн саркофаг, неотворен повеќе од две илјади години предизвика голема дебата околу тоа дали треба да се отвора. Покрај смешните гласини за можни клетви, саркофагот беше отворен за научни цели.

Внатре беа најдени три распаднати мумии, за кои се верува дека се војници. Черепот на една од мумиите има знаци за фрактура од остар предмет. Исто така, саркофагот беше полн со црвена отпадна вода, која навлегла од пукнатина од страната, што предизвикало распаѓање на мумиите.

 
 

Сега ќе се испитува од која ера се мумиите. Се верува дека тие не припаѓале на кралска фамилија бидејќи не се пронајдени вредни предмети како златни или сребрени маски и нема запис на саркофагот со имињата на погребаните.

Погледнете што е пронајдено внатре.

  
 

(132)

loading...

Вашиот коментар