Офарбале магаре за да личи на зебра во зоолошка!?

Вработени во Зоолошка градина во Каиро,  Египет, се обвинети дека претставиле магаре дека е зебра, откако му нацртале црни пруги на животното. Случајот излезе во јавноста откако студентот Махмуд Сархан објавил фотографија на обоеното животно на социјалните мрежи, стоејќи пред магаре, кое е обоено за да личи на зебра.

Како што јавува БиБиСи тој во делот на „зебрите“ забележал две животни кои биле офарбани. Директорот на Зоолошката градина во Каиро, Мохамед Султан, тврди дека се работи за зебра и нема никаква измама.

 
 

(100)

loading...

  
 

Вашиот коментар