Пилот заспал среде лет, сите патници во шок, а законот е на негова страна

Пилотот на прекуокеанскиот лет од Њу Џерси до Глазгов заспал во бизнис-класата. Додека патниците биле во шок од инцидентот, вработени во авијацијата рекле дека тоа е нормално. Само еден час по полетувањето, пилотот уредно ја соблекол својата униформа, вечерал и заспал. Тоа го видел пензиониран полицаец, кој повикал неколку патници да сведочат на тој настан.

 
 
View image on Twitter

Откако отспал еден и пол час, пилотот се разбудил и им тропнал на вратата на екипажот за да му отворат да влезе во кабината.

„Не верувам дека пилотот на летот со неколку стотина луѓе би можел да си дозволи вакво однесување“, рекол некој патник, кој прв го видел.

  
 

Целосен пресврт на приказната настанал кога таа стасала во медиумите, па се огласила и Федералната управа за авијација во Велика Британија, која соопштила дека тоа не само што е нормално туку е и утврдено со закон.

„Пилотот е обврзан да се одмори ако летот надминува 8 часа. Додека постои предвидено место за тоа во повеќето авиони, во помалите прекуокеански, како што е „боинг 757“, постои седиште во бизнис-класата кое е резервирано за секој пилот да може да се одмори. Ништо во оваа ситуација не е необично или незаконско“, рекле од Управата.

Авио компанијата „Јунајтед“ соопштила дека екипажот, наместо двајца, го сочинувале тројца поради што било невозможно во исто време во кабината да бидат и тројцата.

(103)

loading...

Вашиот коментар