Пијана невеста го претепала младоженецот и неговата баба

Венчавката би требало да биде еден од најрадосните денови во животот на невестата и младоженецот, но во Баварија поради алкохолот тоа не било случај.

Една невеста, според соопштението на полицијата, испила премногу алкохол и во целосно алкохолизирана состојба почнала да се тепа со повеќе лица на свадбата.

 
 

Меѓу “жртвите“ бил и младоженецот, кој бидејќи не можел да ја смири, ја повикал полицијата на помош.

Кога чуварите на редот и мирот, пристигнале на венчавката невестата веќе го претепала младоженецот, неговата баба и кумовите.

  
 

После тоа се затворила во една просторија, од која излегла после долгите преговори со полицијата.

Од сопствената венчавката таа е одведена со лисици на рацете и започната е постапка поради нанесување на телесни повреди.

(44)

loading...

Вашиот коментар