Пола година живее заробен на аеродром, а сега открива детали од агонијата: Добивам брачни понуди, но тоа е кривично дело

36-годишниот Хасан ал Контар во 2006. година ја напуштил родната Сирија и отишол да живее во Обединетите Арапски Емирати. Меѓутоа, кога во 2011. година во Сирија избила војна, требало да биде мобилизиран – а тој не го сакал тоа.

Во јануари 2012. година му истекол пасошот, а со оглед на тоа дека не служел војска, не можел да го продолжи. Останал без работа.

 
 

Во јануари 2017. година бил фатен во Обединетите Арапски Емирати без вежечки документи.

  
 

Поранешен колега му помогнал да добие пасош и го спасил од затвор. Емиратите сакале да го депортираат во Сирија, но Ал Контар побегнал во Малезија.

Така Хасан веќе со месеци се наоѓа во транзитниот дел на аеродромот во Куала Лумпур во Малезија, без виза. Речиси секојдневно добива брачни понуди, кои му ласкаат, но не можат да го извлечат од ситуацијата во која се нашол.

-Добивам брачни понуди од Австралија, Америка, Канада, ЕУ, дури и од Тахити, Хаваи и Малдиви… Стапувањето во брак поради виза е казниво. Се што сакам е легално да добијам престојувалиште. Но, убаво ми е што му нудат помош, вели Ал Контар.

(230)

loading...

Вашиот коментар