Поради куфер со секс играчки затворен аеродромот во Берлин

Аеродромот Шенефелд во Берлин бил делумно затворен денеска поради различни секс играчки, за кои вработените во аеродромот помислиле дека се бомба.

Вработените на аеродромот, спроведувајќи ги рутинските скенирања на багажот на патниците, забележале сомнителна содржина во еден куфер, соопшти федералната полиција.

 
 

Бидејќи од првичното скенирање не било јасно за што станува збор, бил огласен алармот и бил затворен еден дел од аеродромот, додека полицијата го испитувала багажот.

Сопственикот на куферот бил повикан преку озвучувањето за да се разреши мистеријата.

  
 

Сепак, тој одбил конкретно да објасни што има во куферот, најверојатно поради срам. Според портпаролот на федералната полиција сопственикот рекол дека во куферот носи „техничка роба“.

Аеродромските служби повикале тим за бомби, кои еден час го разгледувале багажот, пред да сфатат дека станува збор за секс играчки.

Овој инцидент следува по евакуирањето на аеродромот во Франкфурт, најфреквентниот аеродром во Германија, откако семејство кое што било на тестовите било позитивно на експлозиви било пуштено да ја напушти безбедносната зона.

(21)

loading...

Вашиот коментар