Поради отказ од работа се полеа со бензин и се запали

Дваесетгодишно момче од Чачак се се полеа со бензин и се самозапали поради отказот кој го добил од пекарата во која работел.

Луѓето кои се затекнале за време на инцидентот за српските медиуми кажаа дека денеска околу 17 часот го виделе момчето како стои пред пекарата. По некое време, тој влегол во дворот и седнал на плочникот каде се полил со пензин, а во раката држел запалка.

 
 

Полициска патрола се обидела да го запре во намерата, а за тоа време, стигнале и неговите родители кои исто така работеле во пекарата. Тие го молеле да не го прави грозоморниот чин, но тој не ги послушал и се самозапалил.

Откако го направил тоа, полицајците и вработените во пекарата веднаш интервенирале со противпожарни апарати. Еден од полицајците бил и повреден, бидејќи бил зафатен од пламенот додека го спасувал дваесетгодишното момче.

  
 

„Момчето беше примено во Одделението за интензивна нега, со сериозни изгореници и во лоша состојба. Него го прегледа и пластичен хирург. За тоа како ќе се лекува понатаму ќе се одлучи откако темелно ќе се види неговата здравствена состојба“, изјави потпаролот на болницата во Чачак, Билјана Кочовиќ.

(592)

loading...

Вашиот коментар