Потонал пред 113 години: Откриен руски брод кој би можел да носи 200 тони злато

Јужнокорејските експерти ги пронашле остатоците од рускиот брод “Дмитриј Донској”, кој бил дел од руската царска флота и кој учествувал во битките во текот на Руско-јапонската војна од 1904. до 1905. година, јавиле јужнокорејските медиуми.

Новинската агенција “Јонхап” соопштила дека бродот го пронашла “Шинил Груп”, компанија која веќе неколку години врши потрага по рускиот брод.

 
 

Од компанијата било соопштено дека рускиот брод бил пронајден во Јапонското море, на длабочина од 434 метри, на околу 1,3 километри од островот Улиндо и дека името “Дмитриј Донској” е напишано на бродот. Пловилото потонало пред 113 години.

Експертите од споменатата компанија тврдат дека трупот на бродот е сериозно оштетен, но дека палубата е прилично добро сочувана.

  
 

Во “Шинли Груп” очекуваат дека бродот од дното на морето ќе биде извлечен наскоро, пренесува “Tass”.

Рускиот брод учествувал во битката за островот Цушима на 27. и 28. мај 1905. година, и тогаш бил значително оштетен. По изгубената битка, оклопниот брод тргнал кон Владивосток, но го пресретнале јапонски воени бродови. Одбивајќи да се предадат, членовите на екипажот одлучиле да го потопат бродот, што се случило на 29. мај 1905. година.

Во меѓувреме “Дмитриј Донској” станал вистинска мета на ловците на богатство. Причината е тоа што некои историски наоди велат дека носел цел трезор, наменет за трошоците за пристаништето и за платите на морнарите и офицерите, пишува “Russia Today”.

Се смета дека и златни резерви од други бродови оштетени во битката биле пренесени на овој воен брод, па ако некој успее да го пронајде местото на потонувањето би можел да стане милијардер.

Проценките велат дека носи околу 200 тони злато, односно дека вреди околу 113 милијарди долари. “Шинил Груш” планира да биде великодушна и десет проценти од таа сума да инвестира во слабо населениот остров Улеунг, а дел од средствата ќе бидат искористени за кревање на музеј посветен на бродот. Исто така, одреден дел ќе и се даде и на Руската Федерација, како рамноправен сопственик на бродот.

Колку била упорна компанијата да го пронајде бродот покажува и фактот дека соработувала со неколку кинески, канадски и британски компании. Операцијата за извлекување на бродот би можела да се одигра на есен, па јавноста би требало да го види бродот во декември.

(145)

loading...

Вашиот коментар