Пофалбата на Макрон за нацистичкиот соработник маршал Петен ги шокира француските Евреи

Француските Евреи во ужас реагираа на веста дека претседателот Емануел Макрон ќе му оддаде почит на маршалот Филип Петен, посрамен нацистички соработник кој ја одобри депортацијата на десетици илјади Евреи во логорите на смртта, пренесува „Брејтбарт“.

Името на маршал Петен се појавува заедно со уште седум други воени началници на кои ќе им биде оддадена почест в сабота на церемонијата на споменикот „Инвалидес“, каде што е гробот на Наполеон, по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна. Петен ја предводеше француската војска на победа во Вердун во 1916 година, но се посрамоти и беше осуден за предавство за неговото лидерство во нацистичката Вишиевска Франција за време на Втората светска војна.

 
 

Во 1940 година, кога Франција беше нападната од Германија, Петен беше назначен за вицепремиер. Тој подоцна побарал примирје, по што бил назначен за „шеф на државата”, уживајќи речиси апсолутни овластувања. Примирјето им даде на Германците контрола над северот и западот од Франција, вклучувајќи го и Париз, но остатокот од земјата беше под посебен режим под Петен.

Официјално неутрален, во пракса режимот тесно соработуваше со Германија, и донесе свој антисемитски закон. Макрон смета дека Петен сé уште е достоен за честа за својата водечка улога во победата од Првата светска војна и покрај неговите подоцнежни постапки.

  
 

„Маршалот Петен беше голем војник за време на Првата светска војна иако направи фатален избор за време на Втората светска војна. Сметам дека е сосема легитимно да им оддадеме почит на маршалите кои ја водеа нашата војска до победа “, рече Макрон.

Водечката еврејска организација на Франција, „Криф“, веднаш реагираше сп изјава дека се шокирани од одлуката. Лидерот на „Криф“, Френсис Калифат рече:

„Единствено што го памтиме за Филип Петен е дека тој, во името на францускиот народ, беше во национална немилост за време на неговото судење во јули 1945 година. Шокиран сум што му се оддава почест на човекот кој беше лично одговорен за депортацијата на Евреите од Франција, вклучително и рацијата во Вел д’Ив”.

Учеството и одговорноста на Франција во холокаустот одамна е чувствително прашање во Франција и официјално беше признато дури во 1995 година од тогашниот претседател Жак Ширак. Во 1995 година тој призна дека марионетската влада од Виши на Петен била француската држава. Ширак зборуваше на велосипедскиот стадион „Вел д’Ив” во Париз, познат по собирањето на француските Евреи во 1942 година, при што 13.000 луѓе беа депортирани во нацистички концентрациони логори, а третина од нив беа деца. Помалку од 100 од нив ја преживеаја војната.

(31)

loading...

Вашиот коментар