Почина кучето во Грција кое осум години го чекаше сопственикот да излезе од супермаркет

Хачико, кучето од Крит кое го чекаше својот сопственик да излезе од супермаркет, почина после осум години.

За последните осум години, кучето одело секое утро во локален супермаркет во селото Пателлес, Крит трпеливо го чекал својот сопственик, кој починал од срцев удар во истата продавница пред осум години.

 
 

Верното куче преку целиот ден било пред супермаркетот, а во вечерните часови се враќало во својот дом.

Со текот на годините, здравјето на старото куче се влошувало, а сепак, секој ден одело во маркетот каде што последен пат го видело неговиот сопственик. Соседите кои се грижеа за него сите тие години, одлучија со евтаназија да го усмртат кучето.

  
 

(530)

loading...

Вашиот коментар