По 38 години затвор, убиецот на Ленон повторно ќе бара ослободување

Медицинската сестра Глорија Хироко Чепмен (67), сопруга на Марк Чепмен (62), убиецот на познатиот музичар Џон Ленон, призна дека знаела за планот на нејзиниот сопруг да го убие познатиот музичар Џон Ленон, дури два месеци пред трагедијата, пишува Дејли Мејл.

– Кога слушнав дека во Њујорк имало пукање и дека Ленон е убиен, веднаш знаев дека мојот Марк е виновен за тоа, изјавила Глорија за медиумите. Таа додалa дека Марк неколку пати планирал да го убие музичарот, но дека успевала да го предомисли.

 
 

– Првиот пат кога сакаше да го убие, се врати дома преплашен. Рече дека се откажал, бидејќи премноу ме сакал, открила Глорија.

На крајот, сепак, решил да го убие поранешниот член на Битлси за да се прослави. Џон Ленон беше убиен на 8 декември 1980 година, откако бил погоден во грбот со 4 куршуми. Чепмен, инаку поранешен фан на Џон Ленон, рекол дека тоа го сторил затоа што се налутил на музичарот, кој бил попопуларен од Исус.

  
 

Овој религиозен фанатик добил казна затвор од 20 години до доживотен затвор. Неколку пати барал да биде ослободен, поточно до 2016 година, испратил девет барања за условна казна, но секој пат бил одбиен.

Овој месец повторно има право да бара ослободување, по 38 години поминати во затвор.

-Не е важно колку мојот Марк ќе остане во затвор, јас ќе го чекам додека сум жива, изјавила Глорија Чепмен, која стравува дека ако нејзиниот сопруг си дојде дома, обожавателите на Ленон ќе сакаат да се одмаздат.

Глорија вели дека за својот сопруг се омажила 18 месеци пред да го убие Ленон. Сите овие години на издржувањето на затворската казна постојано го посетува.

(30)

loading...

Вашиот коментар