Преплива 2.800 километри за 157 дена ез да стапне на копно и потоа ги покажа – нозете!

Рос Едгли (33) е Англичанец, кој прв успеал да преплива цел круг околу Велика Британија и тоа севкупно неверојатно 2.800 километри, а по 157 дена ја минал целта во Кент.

На неверојатното патешествие и прдизвик тргнал на 1 јуни и оттогаш нема стапнато на копно. Пливал по 12 часа дневно, а за да го издржи целиот напор Рос секојдневно во себе внесувал помеѓу 10.000 и 15.000 калории, јадејќи притоа преку 500 банани.

 
 

За време на пливањето морал да ја издржи плимата, осеката, струите во ладните води и за да го доврши предизвикот имал по 40.000 завеслаи во ден, пливал шест часа прек ден и шест навечер, а помеѓу тој период се одмарл на едрилица.

И кога ја завршил страшната и неверојатна авантура Еедгли ги покажа нозете. Доказ какви брутални последици остава долготрајното присуство во море.

  
 

(2111)

loading...

Вашиот коментар