Приведен осомничен за предизвикување на смртоносните пожари во Грција

Како главен осомничен за предизвикување на пожарите во Грција, е уапсен 65-годишен маж, објавија грчки медиуми.

Приведениот, чиј идентитет не е откриен, е жител на град во северниот дел на Атика, а според неговите соседи, тој и во минатото палел смет и суви гранки.

 
 

Пред обвинителството веќе сведочеле девет лица кои него го сметаат за одговорен за пожарите.

Осомничениот наводно палел трева и суви гранки на ридот над местото Пентели, но искрите брзо ја зафатиле и другата вегетација. Поради високите температури и силните ветрови, пожарот брзо се проширил и добил огромни размери.

  
 

(30)

loading...

Вашиот коментар