Прогласена е за учителка на годината, а потоа една мајка ја откри нејзината мрачна тајна

Кенди Еското била во шок кога дознала што учителкатана нејзиниот петгодишен син всушност прави. Имено, таа забележала дека нејзиното дете со денови се однесува чудно, дека не сака да учи да пишува домашно, плаче откако некој ќе ја спомене градинката.

Со оглед на тоа дека детето нема никакви проблеми дома, помислила дека можеби проблемот е со учителката.

 
 

Еското пријавила до надлежните во градинката дека нејзиното дете не е задоволно како неговата учителка Росалба Г. Суарез се однесува кон него, но тие не поверувале, затоа што сепак таа била „најдобар воспитувач во градинката“.

Затоа мајката одлучила сама да го реши проблемот. Ставила диктафон во неговиот ранец, а по преслушувањето се шокирала. Како што пренесува „Вашингтон пост“ учителката зборувала дека нејзиниот син е лузер, дека ништо не знае, зборувала дека мајката на Арон е изгубена, го понижувала пред целото одделение.

  
 

– Како петгодишно дете да се избори со ова? – рекла Кенди за „Мајами Хералд“.

Дејзи Гонзалес Диего, портпарол на училиштето во кое оди детото, изјавила дека училиштето е запознаено со приказната која се наоѓа на снимките, како и дека ова е прва „тужба и забелешка“ против учитешлката која е „многу ценета од страна на останатите наставници, родители и ученици“ и дека минатата година е прогласена за учителка на годината.

Училиштето за тамошните медиуми изјавило дека нема да го земе во разгледување овој случај затоа што е нарушена приватноста. Поради таквата одлука, Арон е префрлен во друго одделение.

– Не сакав да пати, заклучува Еското.

(883)

loading...

Вашиот коментар