Пропадна туризмот на егзотична дестинација, опасна е по живот

До пред шест месеци туристите ја опседнуваа средноамериканската држава Никарагва за да ги посетат едни од најубавите плажи на оваа карипска држава, се качуваа на бројни вулкани кои се протегаат долж брегот.

Но, се се промени пред неколку месеци, поточно на 18 април, кога владата најави реформи во пензискиот систем и ги намали примањата за 5 отсто. Реформите ги одобри претседателот Даниел Ортега, а протестите започнаа веднаш. Иако на почетокот беа прилично мирни, набрзо прераснаа во крвави пресметки, при што до сега загинаа околу 300 луѓе.

 
 

Оние кои живеат во главниот град на Никарагва, Манагва, се сведоци на полициска бруталност и егзекуции на сред улица, а штом се стемни банди ги заземаат улиците, па локалните жители седат дома под клуч.

  
 

По револуцијата во деведесеттите, оваа земја беше на доар пат да стане една од главните туристички дестинации за туристите од јужниот дел на Мексико и Костарика.

За жал, хотелите во Сан Хуал Дел Сур, најпопуларната дестинација на Никарагва се принудени да затворат. Сопственик на хотелот Каса дел Олас, вели дека не примил ни еден гостин во последните неколку месеци.

„Тоа е тажно. Се надеваме дека претседателот ќе поднесе оставка и дека ситуацијата ќе се придвижи. Сан Хуан е многу мирен и опуштен. Повеќето насилства се во главниот град, Гранада и Ривас. Но, тажно е што никој не сака да дојде овде каде што е помирно. Локалците повторно почнаа да ловат риба и да садат овошје за да преживеат“, вели тој.

Во Манагва сите хотели престанаа со работа, а за тоа се известени следбениците на социјалните мрежи со тажни постови во кои се објаснува зошто во моментот не може да примат резервации. Од друга страна, Австралија, САД и Велика Британија им советуваат на туристите дека е премногу опасно да е оди во Никарагва.

(67)

loading...

Вашиот коментар