Работник на аеродром заедно со багажот се натоварил и себе си во авион

Никогаш не е добра идеја да заспиете на работното место, но ако никој не забележи и не ве фатат, најверојатно и не е така страшно. Секако, зависи каде и што работите.

Во случајот на вработен во одделот за товарење багаж на аеродромот во Канзас Сити, важи ова второто. Тој заспал во карго делот на авионот, заедно со натоварениот багаж и полетал за Чикаго.

 
 

27-годишниот работник воопшто не забележал дека авионот полетал, а вработените на аеродромот во Чикаго го нашле заспан меѓу багажот. Не е познато дали спиел цело време додека траел летот или се разбудил и си прилегнал.

Портпаролот на авиокомпанијата American Airlines изјави дека работникот „ненамерно заспал“ и дека не му била потребна медицинска помош по слетувањето.

  
 

Иако од авиокомпанијата што оперира со авионот покажаа загриженост за неговото здравје, сигурно не се среќни што бил дозволен ваков пропуст и вакво однесување на вработените на аеродромот.

(30)

loading...

Вашиот коментар