Работно место од соништата: Ресорт во Мексико бара човек кој бесплатно ќе престојува таму

Работен ден со коктел во рака покрај базен, вкусен оброк и СПА третман, плус фоткање на истото, кој би можел да одолее?

Барањето на работата од соништата може да биде истоштувачко, особено во Македонија каде ви се потребни врски од секаков тип, па одите на интервјуа кај некомпетентни луѓе, па имате шефови што мислат дека се лансирале во ѕвездите само затоа што направиле некој ситен капитал во текот на годините и веќе нема потреба да ги почитуваат основните човекови права на другите итн.

 
 

rabotno-mesto-od-sonishtata-resort-vo-meksiko-bara-influenser-koj-besplatno-kje-prestojuva-tamu-02.jpg

Затоа ако сте изморени од сето ова, сега може „работниот ден“ да ви биде со коктел во рака покрај базен во луксузен ресорт во Мексико.

  
 

Ќе се сончате во текот на денот, а ќе танцувате во текот на ноќта. Оваа прекрасна можност на луѓето од целиот свет им ја нуди луксузниот ресорт „Vidanta“ во Мексико.

rabotno-mesto-od-sonishtata-resort-vo-meksiko-bara-influenser-koj-besplatno-kje-prestojuva-tamu-05.jpg

Тие плаќаат 120.000 долари годишна плата за личност која ќе им биде инфлуенсер на социјалните мрежи од местото на настанот, односно ќе го доловува на социјалните мрежи сиот комфор, релаксација, луксуз и авантури, кои ќе ги искусува во „Vidanta“.

Вработениот ќе треба да патува и во другите ресорти што оваа компанија ги поседува на егзотични дестинации.

rabotno-mesto-od-sonishtata-resort-vo-meksiko-bara-influenser-koj-besplatno-kje-prestojuva-tamu-06.jpg

СПА третмани, прекрасни оброци, бесплатни патувања се дел од погодностите на ова работно место. Звучи примамливо, зарем не?

rabotno-mesto-od-sonishtata-resort-vo-meksiko-bara-influenser-koj-besplatno-kje-prestojuva-tamu-04.jpg

(127)

loading...

Вашиот коментар