Тиркизната вода, ветерниците, живописните улички, најубавото зајдисонце и лудите забави во бич баровите го прават Миконос незаборавно искуство.
Островот Миконос е познат како грчката Ибица и место за забава на милионерите и милијардерите, особено во екот на сезоната во јули и август.
Многу познати личности ја посетуваат оваа гламурозна дестинација, па токму затоа новинарот Харисон Џејкобс од Bussiness Insider одлучи да појде таму и да направи репортажа.
Во својата репортажа тој заклучи дека на Миконос ќе си поминете одлично само ако сте вљубеник во забавите и имате длабок џеб.
Дел од неговото искуство од Миконос:
Миконос е прекрасен, гламурозен и луксузен, а бранот на туристи таму го поттикнала првата дама на Америка Џеки Кенеди со посетата во 1961 година.
Потоа го посетиле Елизабет Тејлор, Марлон Брандо, а денес омилен им е на Линдзи Лохан, Кендал Џенер и Расел Кроу.
Познат е како ветровит остров и тоа е прекрасно, но ако немате наметка навечер природното „разладување“ може да ви ја уништи вечерта.
Миконос не е место за семејно патување и ако немате добар буџет ќе добиете лошо сместување многу далеку од плажите.
Стотиците јахти покрај брегот се доказ дека Миконос е омилена дестинација на богатите.
Водата има неверојатно сино-зелена боја.
На плажите има одлични бич барови, но подобар третман од келнерите ќе добиете ако изгледате дека носите илјадници евра во себе.
Сепак има место и за лежење на пешкири на плажите.
Ќе уживате во таверните со одлична храна.
Има луксузни ресорти со приватно џакузи на терасите и неверојатен поглед.
Миконос има 25 плажи кои се протегаат по брегот и секоја има свој уникатен шарм – од диви, нудистички до наменети за забава.
Најдобрата забава е во бич барот Scorpios, најжешкото и најскапо место во градот.
Познат е како остров со најубавото зајдисонце.
Препознатлив знак на островот му се ветерниците изградени од 16-тиот век.
Низ градот има живописни камени улички.
Има од продавници за сувенири до бутици од светски познати брендови.
Најлуксузен ресторан на островот е Ling Ling Hakkasan, каде тешко ќе пронајдете место и ќе оставите добра сума на пари.
Има одлични ноќни локали за забава до раните утрински часови, а најпознат е Cavo Paradiso, каде собира до 2.000 луѓе.
(159)