Рибар од морето извлекол едно и пол годишно бебе – чудо е што е живо

Рибарот Гас Хат рано наутро тргнал на риболов во близина на плажата Матата на Северниот остров во Нов Зеланд. Но веднаш забележал нешто мало како плови по водата. Помислил дека е кукла , но набргу сфатил дека станува збор за бебе, кое било толку помодрено и смрзнато , што наликувало на кукла. Рибарот сфатил дека детето е живо , кога го фатил за рака , а тоа се расплакало.

,, Лицето на малото детенце беше како кај порцеланска кукла , но наеднаш заплака. Тогаш ми стана јасно дека станува збор за мало дете, кое по некое чудо се уште е живо. Пловеше носено од струјата и да го подигнев погледот минута подоцна , немаше да го видам.

 
 

Момченцето имало проклето голема среќа.”, вели рибарот. Полицијата потврдила за медиумите дека детето ер добро и дека е во болница каде се опоравува. Најверојатно момченцето излегло од шаторот на родителите и цлегло само во морето.

  
 

(141)

loading...

Вашиот коментар