Роби повторно сподели за своето искуство со вонземјаните

Британскиот пејач Роби Вилијамс ги споделил своите искуства со дојденците за документарниот филм во стил „Досиејата Х“, посветен на барањето на вонземски живот.

Креаторите на документарната продукција, насловена „Hunt For The Skinwalker“, се новинарот Џорџ Нап – близок пријател на Вилијамс, и Џереми Корбел. Филмот е приказна за необични настани на територијата на ранчот Скинвокер во Јута, меѓу кои појава на НЛО и чудни суштества.

 
 

Роби Вилијамс не крие дека верува во вонземјани и повеќе пати раскажувал за средбите со нив. Своевремено пејачот изјави дека еднаш видел НЛО толку блиску што можел да го удри со тениско топче.

44-годишниот пејач и друг пат има спомнато свои чудни искуства кои науката не може да ги објасни.

  
 

„Кога Џорџ го замоли да сподели за нив за документарниот филм, Роби веднаш се согласи. Тој не се плаши од тоа што верува во вонземјани“, вели извор од опкружувањето на пејачот.

(46)

loading...

Вашиот коментар