Сакал на пиво, па ја убедил трудната девојка дека е киднапиран

Британецот Леиг Форд (45) го изрежирал своето сопствено киднапирање само за да може да излезево градот и да пие со пријателите.

Од својата престрашена трудна девојка Зое Дајл барал 80 фунти за откупнина. Во текот на вечерва, додека се забавувал со своето друштво, неколку пати се јавил тврдејќи дека киднаперите му ги скршиле нозете, исекле гениталиите и истуриле врела вода врз него ако не им ги исплати парите.

 
 

Зое ја известила полицијата која започнала акција за потрага. Набргу увиделе дека тврдењата на Форд се лажни затоа што една надзорна камера го снимила додека со пријателите излегува од локалот носејќи алкохолни пијалаци во рацете.

Леигх заработил четиримесечна затворска казна и така го пропуштил раѓањето на своето дете, а неговата девојка му простила.

  
 

– Во почетокот мислев дека се шегува, но звучеше навистина исплашено. Во текот на првиот разговор се прекина врската, а потоа повторно се јави. Слушнав човек кој во позадина вика дека ќе му ги скрши нозете и ќе го полие со врела вода. Бев во паника, а моето момче вришетеше и ме молеше за помош, вели Зое која на наведениот број на сметката ги префрлила бараните 80 фунти. Тоа биле сите пари кои ги имала на сметката.

Полицијата го кренала хеликоптерот и на терен испратила преговарачи. Ден потоа Форд сам дошол дома. Веднаш го испрашале и уапсиле поради трошење на полициското време, пишува The Sun.

Рекол дека на сето тоа го наговориле пријателите и признал се што му се става на терет. Затоа е осуден на затворска казна. Откако излегол, Зое со посмирен тон рекла дека испаднал идиот.

(92)

loading...

Вашиот коментар