Сака да се разведе од сопругот по 40 години брак, но судот не и дозволува

Британка сака да се разведе од сопругот затоа што е несреќна во бракот, но судот не и дозволува.

Тини Овенс (68) од Ворчестер од судот побарала да го поништи нејзиниот брак со Хјуи (80) со кој е во брак 40 години, но тој не сака развод.

 
 

Врховниот суд едногласно ја отфрли тужбата на Тини Овенс, па таа мора да остане во брак д0 2020 година.

Според законот во Англија и Велс, освен ако сопружниците докажат дека бракот пропаднал поради прељуба, неприкладно однесување или заминување на еден од партнерите, единствен начин да се раведат е 5 години да не живеат заедно.

  
 

Тини за развод размислувала од 2012 година, но се отселила од дома во 2015 година. Па затоа за развод треба да чека до 2020 година.

Двојката се венчала во 1978 година и имаат две возрасни деца.

(133)

loading...

Вашиот коментар