Седум милијардери вложуваат пари за бункери во случај на апокалипса

Седум милијардери вложуваат пари за бункери во случај на апокалипса. Решени да се спасат од апокалипсата за која веруваат дека ќе се случи, милијардерите го избрале Нов Зеланд како идеално место на кое може да изградат бункери.

Како што пишуваат странските медиуми, седум милијардери од Силициумската Долина одлучиле да инвестираат пари во огромен проект за опремување бункери.

 
 

Она што е познато е дека тежината на бункерот изнесува 150 тони, а ќе бидат вкопани 3,5 метри под земјата.

Веќе е ангажирана и фирма што ќе ги гради – „Рајзинс С“, чиј генерален директор е Џери Линч, а фотографија од нацртите како ќе изгледа проектот веќе се појави на социјалната мрежа „Фејсбук“.

  
 

Линч вели дека Нов Зеланд е избран како дестинација поради изолираноста на оваа територија.

„Нов Зеланд не е ничиј непријател, не е цел во случај на нуклеарна војна ниту, пак, на некоја друга војна. Тоа е место на кое луѓето може да најдат засолниште“, објаснува тој.

Американската новинска агенција „Блумберг“ наведува дека вредноста на проектот е 11,5 милиони долари, а милијардерите што се подготвени за вложат пари за изградба на бункерите не сакаат да дадат изјави за медиумите.

Она што е познато е дека во бункерите ќе може да се влезе директно со јахта или авион.

(25)

loading...

Вашиот коментар