Се закануваше дека ќе го крене во воздух авионот, па го почувствува гневот на останатите патници

Еден патник направил хаос во авионот на релација Москва – Владивосток, кога започнал да се заканува дека ќе го крене во воздух леталото.

По наводните закани дека ќе го разнесе авионот, тој се најде во незавидна ситуација кога зад него се појавија неколку патници.

 
 

Триесет и двегодишниот маж кој веројатно бил под влијание на алкохол од непознати причини започнал да се закнува на екипажот на авионот дека ќе акгитивра експлозивна направа, соопштуваат од компанијата во чиј авион се случил инцидентот.

По изречените закани, на него се нафрлиле неколку патници кои го држеле така до слетувањето на авионот, кога е предаден на властите во Владивосток.

  
 

Се уште не е познато дали против него е започната кривична постапка.

(171)

loading...

Вашиот коментар