Се продава најлуксузната пештера во светот (видео)

„Бекам крик кејв лоџ“, позната како една од најлуксузните пештери во светот е ставена на продажба. Пештера најнапред служела како засолниште во случај на нуклеарени напади, потоа била преуредена во ноќен клуб, па приватна резиденција, а последниот сопстевник одлучил да ја преуреди во помал хотел за изнајмување на туристи.

 
 

Се наоѓа во американската држава Арканзас и сега е повторно на продажба по цена од 2,5 милиони евра.

„Форбс“ неодамна ја прогласи пештерата за една од најубавите подземни хотели во светот. Ноќевањето во пештерата чинело 1.500 евра, а капацитетот на сместување бил осум гости.

  
 

Во цената се вклучени одржување на павилјони и штали лоцирани веднаш до пештерата, како и одржувањето на самата пештера.

(54)

loading...

Вашиот коментар