Со казните за брзо возење ќе добиваат и картички за донирање органи

Естонската полиција отсега, заедно со казните за брзо возење, на прекршителите ќе им доделува и картички за донирање органи.

– Секако не очекуваме дека оваа кампања ќе го зголеми бројот на донирани органи, но се надеваме дека ќе ги натераме возачите повеќе да размислат и да ја тргнат ногата од педалата за гас, изјави началникот на сообраќајната полиција во градот Парну, Андрес Синимери.

 
 

И покрај тоа што има богата мрежа улични камери, Естонија се наоѓа на врвот на европската статистика за брзо возење. Годишно, меѓу 12 и 15 отсто од возачите добиваат казни.

(143)

  
 
loading...

Вашиот коментар