Тепачка во кокпитот, за малку ќе го урнеле авионот

Пилотот и копилотот на авиокомпанијата “Iraqi Airwaysa” се степале во сред лет на височина од 11 километри откако го напуштиле аеродромот во Иран. Авионот во кој се наоѓале 157 патници летал од Иран за Ирак.

Во еден момент, ситуацијата излегла од контрола, па пилотот и копилотот се степале.

 
 

На тепачката реагирало обезбедувањето и според патниците за време на тепачката дошло до оштетување на кокпитот.

Ирачкиот министер за сообраќај рекол дека се спроведува истрага за случувањата од авионот, а наводно според првите сознанија до кавга дошло поради храна.

  
 

View image on Twitter
„Учесниците во тепачката поради своето одесување нема да можат да избегнат тешки санкции и можеби повеќе никогаш нема да летаат“, вели министерот.

Од 2015 година “Iraqi Airways” не лета над земјите од ЕУ затоа што не исполнува сигурносни стандарди.

(194)

loading...

Вашиот коментар