Толку бил пијан што се разбудил во друга држава: Од кафеана во Романија го нашле во Лондон!

Невработен Романец кој седнал да пие во локалната кафеана, се разбудил 2.695 километри од неговиот дом, откако претходно се расправал со пријателите дека може да најде работа.

Михаи Данчиу изјавил дека последното нешто на што се сеќава е како влегол во кафеана во Албести, Романија и им кажувал на пријателите дека доколку сака може да најде работа.

 
 

Потоа се разбудил во дворот на една зграда во центарот на Лондон, целиот во модринки и тој вели дека бил шокиран кога забележал дека сите околу него зборуваат Англиски.

  
 

Тој бил однесен во болница, а таму медицинска сестра од Романија му потврдила дека се наоѓа во Лондон.

Тогаш медицинската сестра, Адина Костаче ја објавила приказната на Фејсбук за да можат да ја видат сите Романци во Англија и да открие како човекот успеал да стигне до Лондон.

Локалните медиуми во Романија потврдиле дека последен пат Михаи бил виден со пријателите во кафана, а приказната исто така била потврдена и од властите. Соседите изјавиле за локална телевизија дека Михаи живеел со неговата партнерка и нивните деца во домот на неговата баба и дека тој често велел дека ќе си најде работа. Но пред една недела исчезнал.

Еден сосед изјавил: „Тој е навистина добар, но во последно време не е при себе затоа што пие премногу. Пиењето му предизвикуваше дупки во меморијата и порано, затоа не е чудно што завршил вака.“

Се претпоставува дека тој до Лондон стигнал со автобус, затоа што не би го пуштиле пијан во авион. Локалните медиуми објавиле дека властите ќе му помогнат на човекот да се врати во Романија.

(3199)

loading...

Вашиот коментар