Толку од гостопримството: Еквадор го укинува азилот за основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж?

Еквадор е се поблиску до повлекување на азилот за основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж и неговата отстранување од амбасадата во Лондон, во која престојува последниве шест години, објави во саботата американскиот истражувачки новинар Глен Гринвалд.

Еквадорскиот претседател Ленин Морено во петокот ја посети Велика Британија и се сретна со функционерите за да го доврши договорот под кој заштитата на Асанж би била укината, за потоа да биде предаден на британските власти, пишува Гринвалд на својата интернет страница „Интерсепт“.

 
 

Асанж, австралиски државјанин, во еквадорската амбасада се наоѓа од 2012 година, кога е обвинет за сексуално злоставување во Шведска. Внатре во амбасадата не смее да биде уапсен.

Шведска во меѓувреме се откажа од обвинението, но се верува дека доколку Асанж ја напушти зградата, ќе биде екстрадиран во САД каде ќе биде испитуван за активностите на „Викиликс“.

  
 

Извор близок до еквадорското министерство за надворешни работи, потврди за „Интерсепт“ дека договорот околу Асанж би требало да биде постигнат “во наредните неколку недели“.

Гринвалд е најпознат по објавите за откритијата на свиркачот Едвард Сноуден за американската агенција за национална безбедност.

(33)

loading...

Вашиот коментар