Турција ги гасне социјалните мрежи поради драматичниот пад на лирата

Турција почна со преземање на ,,неопходните правни мерки “ со затворање на социјалните мрежи, каде се шират информации за падот на лирата во однос на доларот.

Информациите за падот на лирата, создаваат негативна перцепција за турската економија, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција. Министерството не објаснува зошто правните мерки за заштита се однесуваат само на социјалните мрежи и колку и чии приватни профили ќе бидат затворени.

 
 

Од таму соопштуваат дека од 7 август биле идентификувани 346 профили на социјалните мрежи кои на провокативен начин објавувале коментари за слабеењето на турската лира.

Турската лира во однос на американскиот долар претрпе сериозен пад од околу 30 проценти.

  
 

(40)

loading...

Вашиот коментар