ФБИ ги најде црвените чевли на Џуди Гарланд, украдени пред 13 години

Федералните власти соопштија дека ги пронашле црвените чевли со светки, кои Џуди Гарланд ги носи во филмот „Волшебникот од Оз“ од 1939 година, кои пред 13 години беа украдени од музеј во нејзиниот роден град во северна Минесота.

Чевлите беа украдени од Музејот на Џуди Гарланд во Гран Рапидс во август 2005 година, кога крадецот влегол низ прозорец и ја скршил витрината. Чевлите биле осигурани на еден милион долари. Полицијата првично понуди награда од 250.000 долари, а подоцна, и обожавател на Гарланд понуди уште еден милион.

 
 

Чевлите биле позајмени на музејот од колекционерот на холивудски антиквитети Мајкл Шо. Три други пара кои Гарланд ги носела во филмот се во сопственост на Академијата за филмска уметност и наука, музејот Смитсонијан и на приватен колекционер.

(8)

  
 
loading...

Вашиот коментар