Хаос во Кушадаси: Тепачка меѓу Срби и Турци, летале молотови коктели

Синоќешната кавга меѓу турски и српски туристи во познатото летувалиште во Кушадаси завршила со молотови коктели врз автобусот на српските туристи, објави турски Хуриет.

Еден турски државјанин, кој бил на одмор во Кушадаси, влегол во кавга со група српски туристи кои престојувале во истиот хотел на 29 јули. Наскоро сè прераснало во тепачка, а весникот наведува дека двете страни биле под дејство на алкохол.

 
 

Вработените во хотелот ја запреле тепачката, по што Турчинот отишол на блиската бензиска пумпа, каде направил молотов коктел од две празни шишиња пиво со кои го гаѓал автобусот на српските туристи.

(377)

loading...

Вашиот коментар