Химната и Хипократовата заклетва задолжителни во болниците секое утро

Новата египетска министерка за здравство Хала Зајед издаде декрет со кој се наредува во државните болници насекаде низ Египет, секое утро преку разглас да се интонира националната химна, а потоа да се емитува и Хипократовата заклетва.

Оваа одлука предизвика негодувања, но и шеги на социјалните мрежи, но Зајед тврди дека нејзината одлука ќе придонесе за промовирање на патриотизмот и лојалноста и ќе ги потсетува лекарите на принципите на хуманост и на нивниот професионален етички кодекс.

 
 

Некои коментари се однесуваат и на тоа дека министерката треба да се фокусира прво на подобрувањето на условите во здравстевените установи.

(25)

  
 
loading...

Вашиот коментар