Хрватска од Црна Гора бара да и го врати Јадран

Школскиот брод “Јадран” и припаѓа на Хрватска која ќе стори се за да го врати во матичното пристаниште Сплит, изјави министерот за одбрана на Хрватска Дамир Крстичевиќ, реагирајќи на изјавите на црногорскиот колега дека бродот ќе остане во Црна Гора и ќе плови под нејзино знаме.

Во Тиват во понеделникот беше одбележана 85-годишнината на највредниот и најубав брод на црногорската морнарица, кој на времето служел како школски брод на морнарицата на поранешна Југославија.

 
 

Министерот за одбрана Предраг Бошковиќ на свеченоста рече дека Црна Гора е отворена сите нејзини сојузници да го користат “Јадран”, но дека едреникот ќе остане во Црна Гора и ќе плови под нејзино знаме.

Со ова не се согласува Крстичевиќ кој вели дека бродот е хрватски и е нераскинлив дел дел од хрватската поморска историја.

  
 

-Хрватска ќе ги преземе сите легитинми чекори за бродот да биде вратен под хрватско знаме и од Црна Гора се очекува почитување на меѓународното право и договорот за сукцесија кој го вклучува “Јадран”, стои во неговото соопштение.

Како израз на добра волја и добрососедски односи, Хрвтска се согласува на можноста за заедничко користење на бродот за цели школување на кадети од обете земји.

-Но матично пристаниште на “Јадран” може да биде само она во Сплит, како што беше до 1990 година кога бродот беше однесен во Бока Которска на ремонт, но никогаш не беше вратен, рече министерот за одбрана.

Во понеделникот вечерта на приемот на палубата на “Јадран” се собраа многу гости да го одбележат неговиот 85 роденден.

Потсетувајќи на богатата историја на едреникот, капетанот на “Јадран” Зоран Ивановски истакна дека бродот е пуштен в море на 25 јуни 1931 година, а градбата и завршното опремување на бродот е завршено во јуни 1933 година, додека на 16 јули истата година со величествен дочек допловил до своето тогашно и сегашно пристаниште Тиват.

(88)

loading...

Вашиот коментар