Цело село во Швајцарија ќе биде претворено во хотел

Мало живописно село Корипо, во долината Верзаска, во швајцарскиот кантон Тичино, претставува една од најмалите општини во таа земја, која ја населуваат само 12 жители.

Некогаш тоа беше просперитетна заедница, но како и многу алпски села, доживеа опаѓање, кога младите генерации почнаа масовно да се селат во градови во потрага за подобри социјални, образовни и бизнис можности.

 
 

Преостанатите мештани се борат да го зачуваат своето место од изумирање, претворајќи го селото во сезонски хотел. Корипо се наоѓа на југ во Швајцарија, во еден кантон, каде официјален јазик е италијанскиот.

Иако селото денеска има само 12, во главно постари жители, од кои повеќето се пензионери, тие сите напорно работат за да му обезбедат иднина на ова место.

  
 

Корипо во 1975 година освои европска награда за заштита и зачувување на спомениците и културното наследство. Наградата ги охрабри жителите да основат Корипо фондација, која денеска се занимава со зачувување на наследството, настојувајќи на местото да му се обезбеди иднина, претворајќи го во единствен туристички проект во тој регион.

Проектот под назив „Albergo Corippo“ е инспириран од сличен концепт на таканаречени расфрлени хотели, и веќе е применет во некои делови од Италија, но никогаш досега во Швајцарија.

Идејата за претворање на цело село во хотелски комплекс подразбира дека ресторанот на главниот плоштад ќе се префрли во рецепција.

Самиот плоштад ќе биде некој вид на фоаје од каде од улиците – „ходниците“ ќе се стигнува до една од 60 камени куќички кои ќе се претворат во хотелски соби, уредени во автентичен локален стил.

Понатамошните планови предвидуваат претворање на тие куќи во градски, како и претворање на локалните цркви во места каде ќе се собираат луѓето под отворено небо, воведување на услуги за превоз и туристички тури за разгледување на околината, посета на музеи, како и часови по готвење.

Ако се остварат почетните планови, во план е и реконструкција на останатите објекти, како што се старата пекара и селскиот млин.

Проектот на мештаните на ова село за негово оживување доби „Награда за иновација“ од страна на швајцарското здружение на угостители, како и поддршка од туристичката организација во Тичино како совршено место за дигитална детоксикација.

(4)

loading...

Вашиот коментар