Часовите за ментално здравје ќе станат задолжителни во англиските училишта

Здравствената едукација ќе стане задолжителна во сите училишта во Англија со новите владини планови, поради се поголемата загриженост за проблемите со менталното здравје кај младите.

Децата ќе учат како да изградат ментална отпорност, но и како да препознаат кога нивните врсници се борат со проблеми со менталното здравје, во рамки на задолжителните лекции, велат од владата.

 
 

Претходно беше испратен национален повик за докази каде професорите, учениците и родителите беа запрашани што мислат дека треба да се предава во рамки на часовите за сексуално образование. Со владините предлози, здравственото образование ќе биде задолжителен дел од наставната програма за сите основни и средни училишта од есен 2020 година, во исто време кога ќе се направат реформите на сексуалното образование.

Овој потег беше широко поздравен од активистите кои повикаа на личните, социјални и здравствени образовни лекции да бидат задолжителни поради справување со се поголемите проблеми со менталното здравје. Но, дел го критикуваа одложениот развој на реформите на сексуалното образование кои беа планирани за септември 2019 година – и велат дека предлозите на владата не одат доволно далеку.

  
 

Како дел од предлозите, кои доаѓаат поради загриженоста за дебелината во детството и менталното здравје на децата, учениците ќе ги учат придобивките од здравата исхрана и одржувањето во форма.

Само оваа недела, шефот на Канцеларијата за стандарди во образованието, ученичките сервиси и вештини, Аманда Спилман, предупреди дека училиштата не можат да обезбедат “сребрен куршум” за да се справат со дебелината кај децата и не треба да се очекува да ги решат пошироките проблеми на општеството.

Исто како и ставањето во фокусот на здравјето, реформираните насоки за училиштата – кои не се ажурирани од 2000 година, ќе вклучуваат теми како што се согласност, безбедност на децата на интернет и ЛГБТ + прашања.

Минатата година повеќе од 100.000 луѓе потпишаа петиција со која се бара образование за ментално здравје да биде задолжително во основните и средните училишта. Петицијата, за која беше расправано и во парламентот, покажа дека има голем пораст на бројот на млади луѓе кои се примени во болница поради самоповредување.

Предлозите сега се отворени за уште една консултација за тоа како треба да се предава предметот, со наставни материјали достапни од 2019 година, а реформите ќе станат законски во септември 2020.

(8)

loading...

Вашиот коментар