Читала пораки на сопругот без негово одобрение, па сега ќе лежи затвор

Судот во Обединетите Арапски Емирати осудил жена на три месеци затвор затоа што пребарувала мобилен телефон на својот маж, без негово знаење.

Нејзиниот сопруг поднел тужба до судот, со обвинение дека неговата жена му ја нарушила приватноста, а потоа било организирано и судење. Судот жената за кратко време ја прогласил за виновна.

 
 

Во својата изјава против сопругата, мажот рекл дека гледала во неговито телефон и дека се обидела да ги ископира податоците на друг уред, за да подоцна ги пребара.

Според неговата приказна, тоа ги извела додека тој спиел.

  
 

Тој смета дека сите фотографии и пораки ги префрлила на друг телефон за да ги покаже на своите браќа и сестри.

Меѓутоа, таа истакнала дека мажот и ја дал лозинката и дека и дозволил да го прегледува неговиот телефон затоа што го фатила како разговара со други жени.

ОАЕ имаат строги закони кога е во прашање сајбер криминалот, а особено ако се работи за заштита на приватноста на интернет.

(146)

loading...

Вашиот коментар