Чудовиштето од Лох Нес повторно се појави, во досега најдобра фотографија

На првиот ден од летувањето со родителите во Шкотска, 12-годишната Шарлот Робинсон направила фотографија која повторно ги поттикна приказните за митското чудовиште од Лох Нес, кое со децении ги интригира криптозоолозите, пишува британски Метро.

Откако оваа фотографија се прошири на интернет, многумина се уверени дека непознатиот објект на фотографијата навистина е чудовиштето од Шкотското езеро, кое по првата проценка, девојчето го снимило на оддалеченост од 15 метри.

 
 

„Го фотографирав она што го видов. Тоа суштество имаше долг врат и глава која имаше облик на јадица. Беше со црна боја и не знам колку далеку беше одовде, затоа што не можев да проценам добро“, изјавила Шарлот за Метро.

Шарлот појаснила дека непознатото суштество по минута исчезнало, а потоа повторно се појавило на друго место, но многу пократко било над површината на водата.

  
 

Експертот Стив Фелтам, кој се обидува да ја реши мистеријата на Лох Нес последниве 27 години, вели дека е возбуден од фотографијата.

„Во водата се гледа цврсто тело и јасно е дека нешто има во езерото. Можеби постои објаснување дека е фока, но не сум чул за фоки во Лох Нес. По мое мислење поголемо е од видра или фока.“, вели Фелтам.

Криптозоологот Фелтам, кој живее на брегот на Лох Нес, наведува дека оваа слика ја чекале со години, но и дека тоа е доказ оти во езерото има мистерија што треба да се открие.

(692)

loading...

Вашиот коментар