Шведската полиција уби момче со Даунов синдром што држел пиштол-играчка

Шведската полиција уби 20-годишно момче што било болно од Даунов синдром и една форма на аутизам, објавија светските медиуми.

Полицијата пукала во Ерик Торел, мислејќи дека тој во рацете има вистински, а не пластичен пиштол, велејќи дека се однесувал „заканувачки“.

 
 

Трагедијата се случи во предградието на Стокхолм Васастан, а полицискиот тим излегол на терен во четвртокот наутро откако било јавено дека „маж има пиштол“.

  
 

Полицијата соопшти дека нејзините припадници отвориле оган и дека младиот човек бил префрлен во болница, каде што починал од претрпените повреди.

Мајката на убиеното момче рече дека пиштолот-играчка бил подарок и дека нејзиниот син бил „сериозно онеспособен“ и дека е невозможно да изгледал „заканувачки“ затоа што бил „како тригодишник“.

(263)

loading...

Вашиот коментар