Шокантна снимка од улиците на Њујорк: Платен убиец пукаше во главата на мафијаш, овој успеа да се спаси

Њујоршката полција објави драматична снимка која прикажува еден познат гангстер кој со чиста среќа избегна сигурна ликвидација.

Надзорните камери го снимија Салваторе Зотола (41), член на мафијашкото семејство Бонано, кој се скрил зад еден автомобил и почнал да се тркала по земја.

 
 

Во тој момент се појави маскиран напаѓач и му впери пиштол право во глава. Испукал неколку куршуми и кога останал без муниција побегнал.

  
 

Зотола е префрлен во болница со рани во градите и десната рака, а лекарите соопштија дека е во стабилна состојба. Американските медиуми пренесуваат дека е вистинско чудо што Зотола преживеал нарачано убиство. Полицијата трага по напаѓачот.

Семејството Бонано е едно од петте мафијашки семејства кои делуваат во Њујорк.

(721)

loading...

Вашиот коментар