Шокантно признание на американски војник: Им испраќал отровни писма на Путин и британската кралица

Поранешниот американски војник, кои испраќал писма со семки од рицинус во Белата куќа и Пентагон, соопшти дека исти „отровни“ писма им испраќал и на претседателот на Русија Владимир Путин и кралицата на Велика Британија Елизабета Втора, наведено е во судските документи.

Во вторникот е објавено дека писмата, кои, како што се претпоставува содржат траги од рицинус, се примени во Пентагон, Белата куќа и ФБИ. Подоцна поради сомнеж дека ги испратил, е уаспен 39-годишниот војник Вилијам Клајд Ален Трети, кој потоа признал дека го направил тоа.

 
 

Во петокот поранешниот војник е обвинет по 5 точки, а му се закануваат децении затвор.

Тој им призна на извршителтие дека рицинусовото семе го ставал во секој плик, а информирал и дека такви писма со иста содржина му испраќал и на специјалниот обвинител на САД Џеф Сешнс, британската кралица и рускиот претседател, наведено е во обвинителниот акт.

  
 

Обвинетиот, исто така рекол дека стотината семки рицинус ги набавил преку интернет. Според судските долументи, отровна супстанција се наоѓа во рицинусовото семе.

„Нејзиното издвојување е релатино лесно и не бара техничко знаење“, се наведува во заклучокот на обвинението. Содржината на рицинусовите семки може да предизвика ентеритис, повраќање и грчеви, крварење на органите за варење, нарушување на водено- електролитскиот баланс и смрт за пет до седум дена.

(141)

loading...

Вашиот коментар