Јако му било: Возач бил позитивен на секоја дрога при тест од полицијата

Шпанската полиција застанала возач на северно-источниот дел од земјата, поради рутинска контрола за алкохол и дрога.

Како што пишуваат тамошните медиуми, возачот бил позитивен на сите возможни дроги на кои го тестирале. Тестовите биле направени за канабис, амфетамини/метамфетамини, кокаин, како и алкохол.

 
 

Полицијата го казнила возачот со сума од 2000 евра и му одзеле по шест бодови од возачката дозвола за непоминувањето на тестовите за дрога и алкохол.

Максималниот број на бодови кои ги има возачката дозвола во Шпанија се 12, што значи дека овој возач останува без дозволата за возење на неопределено време.

  
 

Но, овој прекршок шпанската полиција го карактеризирала како „административен“, па возачот не треба да се појавува на суд.

(87)

loading...

Вашиот коментар